ПравдаСветСветот на работникот

Лекарите во Белгија заразени со корона повикани да продолжат да работат за да не дојде до колапс

Лекарите во Белгија - Работник
34views

Докторите кои се заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж се замолени да продолжат да работат за да се избегне колапсот на здравствениот систем.

Четвртина од здравствените работници се заразени со коронавирус, а вчера во десет болници во тој град од заразените работници се побарало да продолжат да работат доколку немаат никакви симптоми, пренесува Би-Би-Си.

Функционер од белгиското Здружение на медицински сестри, доктор Фелипе Девос рекол дека немаат избор ако сакаат да го спречат колапсот на здравствениот систем во рок од неколку дена.

Девос истакнал дека постои ризик докторите и останатите медицински работници кои се заразени да може да ги заразат пациентите односно дека таа ситуација и тоа како е сериозна, но дека немаат избор.

Болниците префрлаат пациенти во други здравствени установи и откажуваат операции кои не се итни. Сето тоа се случува неколку дена откако белгискиот министер за здравство Франк Вандеброук најавил дека земјата се доближува до „цунами инфекции“ додавајќи дека власта повеќе не може да ја контролира ситуацијата.