ЗанимливостиНаука

Летечки автомобили: Глобалните гиганти ја тестираат границата на невозможното

Летечки автомобили - Работник
43views

Само неколку дена откако Боинг вложил 20 милиони долари во проект за вселенски туризам, компанијата договорила и партнерство со Порше.

Имено, соработката на двата гигнати би требало да развива „решенија за урбана воздушна мобилност“. Со други зборови, се чини дека Порше и Боинг планираат со заеднички сили да тргнат во испитување на можностите за развој на летачките автомобили.

Со меморандумот за разбирање двете компании се обврзале да ги истражуваат можностите за воздушен превоз во градовите и да ги искористи секој своите пазарни предности и искуства за да ја реализираат оваа идеја и да направат градски летала.

Порше и Боинг ќе формираат меѓународен тим на стручњаци кои ќе се бават со анализи на потенцијални летачки автомобили, додека во соработка со филијалата на Боинг „Аурора Флајт Сајансес“ ќе работат и на концептот за потполно електрични градски ВТОЛ летала. Целта на првата фаза е иработка и тестирање на прототип.

Порше минатата година направил истражување според кое голем раст на пазарот за воздушна мобилност во градовите, односно летечки автомобили или патнички дронови, се очекува дури околу 2025 година.

Ова истражување вели дека до тогаш со ваквите летала патниците ќе можат да се превезуваат поефикасно и побрзо отколку со моменталниот конвенционален копнен превоз, дури ќе имаат и помали трошоци и поголема флексибилност.