ПравдаСветот на работникот

Либерија: Бремени жени излегле на протест, докторите не им помагаат поради неисплатените плати од страна на државата

Либерија: Бремени жени излегле на протест - Работник
122views

Ова е прв протест од ваков вид во Либерија од завршувањето на граѓанската криза.

Во понеделник, на 23 септември, бремени жени и мајки со нивните деца излегоа на улиците да го изразат своето незадоволство. „Ние сакаме третмани. Нема да заминеме се додека не ни се даде потребната нега“, порачале тие.

Но докторите и здравствените работници во Ду-порт Здравствениот центар не им помогнале. Здравствените работници во градот Пејнесвил и во другите градови ширум државата биле уморени од жалбите за неуспехот на Владата да им ги исплати платите, по што тие прекинале со работа.

Сообраќајот бил блокиран неколку часа, како резултат на протестот.