ЕкономијаМакедонија

Либертас: Владата планира да ги субвенционира придонесите за зголемените плати, подготвен предлог-закон

Владата планира да ги субвенционира - Работник
364views

Министерство за труд и социјална политика подготвува предлог-закон за  субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.

„Со предлог-законот се уредува висината, условите и начинот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата. Целта е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените поради што се наметна потребата од законско регулирање на мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување како финансиска поддршка од Буџетот на РСМ“, се вели во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи(ЕНЕР).

Извор: Либертас