НовостиСветСветот на работникот

Листа на 5 најсреќни занимања на светот: Дали вашето е на списокот?

   Време за читање 2 минути

На нашата кариера можат да влијаат различни фактори, како што се пристапот до можности, промени на интересите и вештините или други животни случувања како што е основањето на семејство. Луѓето кои пронаоѓаат смисла во својата работа обично се посреќни, бидејќи страста и желбата кон она што го работат ги одржува мотивирани. Сепак, експертите го рекле своето, а веб страната StudyFinds составила листа на „најсреќни занимања на светот за 2023 година“. Дали вашето е на списокот?

Вака изгледа листата на топ 5 најсреќни занимања:

  • Физиотерапевти
  • Пожарникари
  • Учители
  • Асистенти на настава
  • Аналитичари за осигурување на квалитет

Во анкетата на PaiScale, 90 % од физиотерапевтите сметале дека нивната работа има големо значање. Околу 4 од 5 анкетирани физиотерапевти пријавиле високо професионално задоволство. Според Leaders, просечната плата во ова занимање е преку 90,000 долари и бара диплома и државна лиценца во областа.

Од друга страна, пожарникарите можеби и неправедно, добиваат скоро половина помалку пари (48,660 долари) и можат да ја обавуваат работата и со средно училиште.

Подучувањето е уште еден начин диреткно да се влијае на животите на другите, често започнувајќи од рани години.

„Не постои ништо поубаво од тоа да ги гледате децата како постигнуваат и напредуваат“, рекла Кетрин Бауерс, учителка на аутистични деца од Англија.

Асистените на настава често го оценуваат своето задоволство од работата како едно од најдобрите, и покрај тоа што позицијата нема најдобра плата. Hapier Human ја рангира како најсреќна работа на светот. Аналитичар за осигурување на квалитет се смета за второ најсреќно занимање во Америка, наведуваат. Исто така, „убаво“ е и платено.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Tanjug/AP/ Pixabay, Shutterstock

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *