Лицата со бенифициран стаж да изберат дали ќе членуваат во задолжителните пензиски фондови

Членовите на задолжителните пензиски фондови со бенифициран стаж имаат право до 30 следниот месец да изберат дали ќе го продолжат членството во тие фондови или пак парите ќе им бидат префрлени во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување.
Согласно со законските измени од 2 септември годинава членовите на задолжителните пензиски фондови кои веќе стекнале стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд најдоцна до 30 следниот месец, соопшти денеска Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), пишува Либертас.
Целосниот текст прочитајте го тука