ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Лозарите ги повторија своите барања за подобрување на условите во лозарството

Лозарите ги повторија своите барања - Работник
210views

Претставници на новоформираното регионално Здржение на лозароовоштари денеска ги повторија барањата за подобри услови во лозароовоштарството. Повисоки цени, сигурност за производителите на грозје, праски и друг вид овошје.

– Мораме да се поддржуваме меѓусебно, за да ставиме крај на нашата долгогодишна голгота. Затоа упатуваме барања кои сакаме да бидат усвоени од оваа или идната Влада, без разлика која ќе биде таа, порача претседателот Златко Стојчев.

Дане Јошев нагласи дека и понатаму ќе се залагаат за исполнување на неколку нивни барања, чие усвојување треба да донесе подобри денови за лозароовоштарите.

Тие повикаа на присуство на протестот на земјоделците кој за в сабота се организира пред Владата. Информираа дека има обезбедено и превоз до Скопје.

Извор: Сител