ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

ЛОШИ ВЕСТИ ОД ГЕРМАНИЈА – Балканските фирми веќе започнале да го намалуваат бројот на вработени, некои и за 20 %

   Време за читање 1 минута

Дрвопреработувачката индустрија е во криза

Се‘ започнало од Германија, а потоа се проширило и во остатокот од Европа, а сега се чувствува и во остатокот од светот, ова го рекол Филип Галековиќ, сопственик на дрвопреработувачки бизнис во Хрватска. 

Најголемиот дел од приходите, односно 80 %, неговата компанија ги остварува од извоз, но поради кризата, нарачките „буквално се преполовиле“, пишува Dnevnik.hr, а пренесува Blic.rs. 

Изворот на проблемот е Германија, каде хрватските паркети и мебелот се популарен избор при изградба на објектите, но изградбата застанала. 

Кога ќе се земе предвид германската историја во последните педесет години, ова можеби е една од најсериозните кризи во нивната градежна индустрија, изјавил Хрвоје Стојиќ, главен економист во Хрватското здружение на работодавачи. 

Од влегувањето на Хрватска во Европската унија, главен „виновник“ за растот на извозот на роба, меѓу кои и производите од дрва, биле главен фактор за растот на економијата во земјата. Повеќе не е така. 

„Во структурата на БДП-то уделот на извозот на роба се намаил за 20,4 %. Значи, тоа е навистина еден вистински предупредувачки знак“, рекла главната директорка на Здружението на работодавачи, Ирена Вебер. 

Со цел падот на приходите да не ја загрози одржливоста на деловното работење, дрвопреработувачите започнале со отпуштање на работната сила. Секоја трета компанија веќе го намалила бројот на вработени. Некои и за 20 %. 

Во хрватската дрвна индустрија работат околу 18,000 работници. Доколку не дојде до нагло пресвртување на пазарот, оваа бројка на пролет ќе биде драстично помала. 

Извор: Blic.rs

Фото: Freepik

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *