СветСветот на работникотСиндикат

Лувр денеска беше затворен поради штрајкот на синдикатите

Лувр денеска - Работник
152views

Најпосетениот музеј на светот Лувр утрово беше затворен со одлука на синдикатите кои протестираа против пензиската реформа на француската Влада.

Повеќе од стотина демонстранти го блокирале влезот во Пирамидата, стаклена градба во која се наоѓа во музеј.

Носеле знамиња, скандирале против пензиската реформа и ги повикале туристите стиснати зад металните огради да им се придружат.

„Туристите со нас!“, извикале демонстрантите, но туристите, во поголем број од странство не ја делеле солидарноста со борбата на француските работници, па покажале огорчување и неразбирање, како и дофрлале навреди.

Лувр објавил дека ќе ги врати парите на луѓето кои веќе купиле влезници, а не ја исклучил и можноста дека музејот сепак ќе се отвори по пладне доколку

„Нашата мобилизација е дел од борбата на сите штрајкувачи во земјата за достоинствен живот, како во приватната, така и во јавната сфера“, напишале синдикатите.

Индустриската акција против пензиската реформа трае од 5 декември.

Лувр лани бил посетен од 9,6 милиони луѓе, што е пад во однос на 10,2 милиони луѓе во 2018 година.