ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Лукаревска: Ги обезбедуваме работните места им помагаме на компаниите и на вработените

109views

Со конкретни мерки за секоја категорија граѓани и во услови на здравствена криза ги поддржуваме граѓаните и компаниите. Ги видовме резултатите на дело. Задоволство е да се види напредокот на компаниите, корисници на економските мерки со коишто ги поддржуваме и така ги чуваме работните места во време на криза предизвикана од ковид 19. Фирмата која што произведува флекери и пешкири е една од корисниците на мерката-исплата на минимална плата за месеците мај и јуни. Работат со многу елан, задоволни што во време на криза нивното производство е поддржано од државата и работниот процес продолжува да се одвива без застој, рече носителката на изборна листа во ИЕ2, Сања Лукаревска, на средбите во општина Ѓорче Петров.

-Финансиската поддршка за исплата на минимална плата им помага на компаниите во време на тешката глобална здравствено – економска криза да ги зачувува работните места. Само за месец мај околу 21 илјади компании и 5 800 самостојни вршители на дејност се корисници на финансиката поддршка за исплата на плати. Заедно ги надминуваме економските последици. За тие на кои најмногу им се потребни, обезбедивме финансиска поддршка преку платежни картички. Покажавме дека се грижиме за сите граѓаните. Градиме развојна економија. Градиме праведно, едно општество за сите.