ЕкономијаМакедонија

Лукаревска: 8,000 компании побарале субвенции за зголемени плати

Лукаревска: 8,000 компании - Работник
152views

8,000 компании досега побарале државни субвенции за зголемени плати на 45,000 вработени, истакна денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

Лукаревска наведеке дека 1,300 работодавачи за 47,000 вработени сеуште не го оствариле ова право поради технички причини.

„Станува збор за технички грешки кои не се од страната на УЈП, туку од страната на компаниите и очекуваме дека ќе се надминат“ рече Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата за повратот на персоналниот данок за земјоделците.

Висината на средствата кои компаниите треба да ги добијат за октомври и ноември е 58 милиони денари, додека за декември ќе се знае до крајот на годината.

Имено, Владата донесе Закон за субвенционирање придонеси за покачување плати на вработените од 600 до 6.000 денари.