- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаукаНовости

Лукашенко го претрка Вучиќ: Започнува производството на Спутник В

Лукашенко го претрка Вучиќ: Започнува производството на Спутник В - Работник
359views

Белорусија објави дека започна со масовно производство на руската вакцина Спутник В.

Белоруската државна фармацевтска компанија „Белмедпрепарати“ ќе произведува до 500 000 дози од таа вакцина месечно. Генералниот директор на таа компанија, Сергеј Беjајев, во четвртокот изјави дека првата серија ќе биде достапна на крајот на април.

Белорусија, како втора земја по Русија, издаде одобрение за Спутник В.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко не воведе „заклучување“ или други ограничувања поради епидемијата на коронавирус. Тој ги советуваше граѓаните за да ја избегнат инфекцијата често да го возат тракторот низ полето, да се напијат вотка и да посетуваат сауни.

Неговиот став разлути многу Белоруси и го зголеми незадоволството во јавноста од неговото авторитарно владеење. Земјата со 9,5 милиони жители забележа скоро 315 000 потврдени случаи на инфекција со коронавирус и 2.193 смртни случаи  предизвикани од болеста ковид-19.

Производството на Спутник во Србија ќе започне во мај и ќе биде првата земја во Југоисточна Европа што ќе ја произведува вакцината Спутник В.

Извор: bizlife.rs