ПравдаСветСиндикат

Луфтханза, Германвингс и Еуровингс очекуваат нови штрајкови

Луфтханза, Германвингс - Работник
132views

На германската авиокомпанија Луфтханза и нејзините фирми ќерки Еуровингс и Германвингс од средината оваа недела им се закануваат долготрајни штрајкви на кабинскиот персонал, соопштил синдикатот на кабинскиот пероснал УФО.

„Овие штрајкови ќе бидат многу пообемни и подолготрајни отколку тие порано“, рекол еден од претставниците на синдикатот УФО. Деталите за опсегот и траењето на штрајкот синдикатот ќе ги објави во среда, пренесува Хина.

Последниот пат кабинскиот персонал штрајкувал на три дена пред Нова година. Со таа прилика откажани се 200 летови на авионите на Германвингс.

Штрајковите биле на повидок откако во четвртокот без договор биле прекинати преговорите помеѓу претставниците на Луфтханза и синдикатот.

Луфтханза и УФО не се спорат толку околу конкретните барања на синдикатот, туку околу порекнување од страна на Луфтханза на правото на застапување на кабинскиот персонал од страна на синдикатот УФО.

Германските медиуми зборуваат за „тешко пореметени односи“ помеѓу работодавачот и синдикатот на кабинскиот персонал.