ЗанимливостиСветот на работникот

Луѓето кои неуспешно бараат работа ја повторуваат истата грешка. Ја правите ли вие?

Луѓето кои неуспешно - Работник
179views

Компаниите секојдневно бараат нови вработени, а во огласите се означени повеќе различни работни места. Иако можните кандидати ги поседуваат потребните квалификации, не е паметно да се пријавуваат на секоја од понудените позиции.

Еден детаљ драстично ги намалува шансите. Двоструките или дури троструките пријави во истата компанија се показател за големата желба да се добие работа и знак дека компанијата ужива репутација на пазарот на трудот, пишува Хаф Пост.

Сепак, постои голема разлика помеѓу желбата за работа во одредена компанија и насомничавото пријавување за сите позиции во огласот. Се работи за кандидат кој очајно се обидува да се вработи, без јасна претпоставка за способностите потребни за извршување на стручните задачи.

„Погрешно е да се претставите како личност која би работела било што. Луѓето кои одлучуваат за новите кадри не сакаат очајни луѓе. Пријавувањето на 15 различни позиции во една компанија не е знак на посветеност и сериозност. Работодавачите мислат дека се работи за кандидат кој не знае што сака и очекува од менаџментот да му ја пронајде соодветната улога“, објаснува советничката за развој на кариерата, Ешли Ваткинс.

Ваквите примери се најочигледни кај лицата кои сакаат да се вработат во медицинските установи.

„Не претерувам кога ќе кажам да се пријават на 50 различни позиции. Нивните пријави не ги разгледуваат сериозно бидејќи не се насочени кон одредена цел. Повеќе би имало смисла да се пријавите на неколку различни позиции во подрачјето на интензивната нега или домашната нега“, додава Ваткинс.

Советничката вели дека пријавувањето на сите можни позиции во рамките на една компанија испраќа негативна слика за кандидатот.

„Доколку интересите и талентите на кандидатот се толку разновидни, се поставува прашањето во што се најдобри. Разновидноста некогаш е штетна и создава неможност за фокусирање кон доверениот проект“, објаснува Ваткинс.

Доколку кандидатот е неодлучен при изборот на позицијата, би требало да размисли кон кој правец сака да ја развива кариерата за да осигура постојан напредок.

„Нема смисла да се пријавувате на позиција која е под или е еквивалентна со онаа на која сте моментално“, вели Ваткинс.

Постојат исклучоци

Некогаш е сосема во ред да се пријавите на повеќе позиции во истата компанија кои се слични во обемот и одговорностите. Доколку се шири бројот на соработници во одреден оддел, па компанијата има потреба за поголем број на работници за извршување на различни улоги, тогаш пожелно е да се испратат повеќе пријави.

„Кога знаете дека поединечната позиција вклучува неколку различни работни задачи, нема голем избор“, вели Ваткинс.

Понатаму го наведува примерот на маркетиншката агенција која бара едно лице на позициите специјалист и координатор.

„Таквите прилики не се совршени и луѓето ги советувам во пријавата да ја означат позицијата која најмногу им одговара“, вели Ваткинс.

Информација пред пријава

Доколку има нејаснотии во врска со положбата која е понудена, разговорот со вработените е совршен начин да се разрешат можните дилеми. Првиот впечаток може да биде пресуден и пред да се закаже интервју, бидејќи може да се воспостави контакт со личноста која одлучува.

„Пријавувањето по пат на интерент не смее да биде замена за директниот контакт и градење на мрежа на можни соработници. Луѓето попрво би вработиле позната личност која влева доверба. Онлајн пријавите не помагаат при градењето на цврсти бизнис односи и доверба“, наведува Ваткинс.

„Директниот разговор со луѓето ќе ги долови сите мотиви поради кои кандидатот се пријавува за одредена работа. Исклучиво онлајн пријавувањето го претвора човек во обичен формулар кој е лишен од човечките односи.

„Ништо не делува толку добро како директен разговор бидејќи им пружа можност на кандидатите да се претстават во добро светло и да зборуваат за своите цели“, заклучува Ваткинс.