СветСветот на работникотСиндикат

Мадрид забранил трајно отпуштање на работници – синдикатите стравуваат за работниците

Мадрид забранил - Работник
246views

Шпанската Влада уште во петокот им забранила на работодавачите трајни отпуштања на работниците додека трае вонредната состојба поради корона вирусот, порачувајќи им дека на располагање ја имаат законската основа за привремено суспендирање на работните договори.

„Не можат да се даваат откази поради корона вирусот, виша сила, финансиски или производствени проблеми, бидејќи ги ставивме јавните пари и можностите за привремено да се откажат договорите на располагање“, рекла Министерката за труд, Јоланда Дијаз на прес – конференција по состанокот на министрите, пренела Хина.

Владата усвоила законска мерка со која може да се стави вето на трајните отпуштања додека во земјата трае прогласената вонредна состојба.

Министерството за труд ќе ги прегледа сите забележани постапки за откази за да компаниите не ја искористат оваа ситуација за трајни отпуштања или оние кои немаат врска со корона вирусот, порачала Министерката.

Илјадници компании со затворени погони и прекината продажба трпат големи финансиски штети, додека Владата со ограничување на движењето на 47 милиони жители настојува да го сузбие ширењето на корона вирусот. Работниците повторно стравуваат од откази.

Во Шпанија во случајот на „виша сила“ која настанала со воведување на вонредна состојба во земјата на 14 март, компаниите можат да отворат Постапка за привремено регулирање на вработените  (Expediente de Regulacion Temporal de Empleo – ERTE).

Со неа работниците се отпуштаат до крајот на вонредната состојба којшто ќе трае минимум до 11 април. До тогаш ќе примаат додатоци од заводот за вработување, а кога ќе заврши вонредената состојба, компаниите мораат да ги вратат на работа со полна плата.

Тоа минатите недели го направиле компаниите како, Бургер Кинг, Сеат, Ибериа, Ер Европа и Фолксваген.

Синдикатите се плашат дека компаниите нема да ги вратат работниците кога ќе помине вонредната состојба која би можела да трае по 11 април.

Министерката Диаз сака да го обезбеди нивното враќање. Порачала дека компаниите кои неоправдано ќе ја користат ситуацијата за привремено отпуштање на работниците, за да државата ги плаќа преку заводот, ќе мораат да ги вратат парите доколку биде така наведено по ревизијата.

Претходно, Владата усвоила финансиски пакет за помош на погодените компании. На располагање ќе имаат и државни гаранции, кредити и субвенции.