НаукаСветот на работникот

Мажите се дупло поемотивни од жените на работното место, но жените се поизложени на фрустрација

Мажите се дупло поемотивни - Работник
162views

Предмет на новото истражување биле емоциите кои вработените ги доживуваат на работното место. Дури 2,000 работници и 250 шефови зборувале за емоциите кои се создаваат во текот на работното време, како и на кои начин ги забележуваат – доколку ги забележуваат. 

Ова истражување кое е спроведено на Универзитетот Англиа Рускин, покажува јасна статистика за однесувањето на работа како кај мажите и жените, така и кај најмладите, наведува Мирор.

Работната средина на луѓето им носи радост, изненадување, бес, тага, гадење и страв, а најголемиот предизвикувач на овие емоции не е самата работа, туку колегите.

Статистичките податоци зборуваат дека мажите на работа се поемоционални од жените, но напоменуваат и дека жените се поизложени на стрес и фрустрации. Мажите се склони на емоционални вложувања во своите проекти и се чувствуваат лоши доколку пропушта рок или го надминат буџетот на компанијата.

Мажите се дупло повеќе склони кон ставањето на критиките на срце или се чувствуваат вознемирено доколку нивните идеи и иницијативи се игнорирани или отфрлени, а дури 43 посто од нив подготвени се да го повишат гласот. Водени со емоциите, мажите се подготвени да преземат драстични чекори. Дури 20 посто е веројатно дека мажот ќе ја напушти работата доколку таа не му оди добро или постои некој друг проблем.

„Веројатноста е дека мажите ќе почувствуваат емоции кои се поврзуваат со моќта – бесот или гордоста. Емоциите и моќта нераскинливо се поврзани. Ако не го слушаат, мажот тоа ќе го поврзе со недостатокот на авторитет, статусот во компанијата. Слично на тоа и тагата е поврзана со недостатокот на моќ“, вели д-р Тери Симпкин од Универзитетот Англиа Рускин.

Според ова истражување, секоја трета личност ги крие своите вистински емоции на работното место, во главно зад вештачката насмевка. Овие резулати за многумина се неочекувани, но сепак не се премногу изненадувачки, бидејќи студијата покажала дека 30 посто од шефовите сметаат дека изразувањето на емоциите на работа е слабост, а 51 посто сметаат дека работното место треба да биде ослободено од секое изразување на емоции, без разлика дали се позитивни или негативни.

Што е со најмладите?

На најмладите им е исто тешко на работа. Дури 91 процент од нив, повеќе од било која група, доживуваат тага или бес на работа, а 80 посто чувствуваат одвратност.

Д-р Симким за ова го прави виновен проблемот со идентитетот.

„На младите луѓе може да им биде предизвик да го развијат идентитетот кој е во согласност со нивните професионални задачи. Тие можат да чувствуваат страв од неуспех, дури и страв од успех, како и страв од невклопување“, вели Симким.

Сепак, младите генерации можат да бидат оптимистични по прашањето на иднината бидејќи треба да се очекува со годините значајно да падне и учеството на негативните емоции.

За да работното опкружување биде што попродуктивно и позгодно за вработените, тие мора да бидат „емоционално свесни“. Работното опкружување станува се повеќе дигитално и способноста да се препознаат и успешно да се интегрираат луѓето со емоционалната свест ќе биде клуч за успех.