ЕкономијаМакедонијаНовости

Македонецот не сака да чуе за пензионирање на 67 години

   Време за читање помалку од минута

Повеќе европски земји се соочуваат со предизвикот стареење на населението и одржување на финансиската одржливост на пензиските системи. Затоа, за жал, една од најчестите мерки кои се применуваат е зголемување на старосната граница за пензионирање со цел да се зголеми работната активност и да им се олесни на пензиските фондови.

Но, дали граѓаните се подготвени да работат подолго? Според анкети и истражувања, повеќето граѓани на Македонија не се согласни со идејата да работат над 62 (жени), односно 64 години (мажи), како што веќе станува пракса во некои европски земји.

Резултатите откриваат дека само 13,5% од испрашаните сметаат дека можат да работат до 67 години, додека 86,5% сметаат дека тоа е премногу.

Повеќе на Денар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *