Економија

Македонец го затвори белградскиот гигант БИП, 150 работници добија отказ преку ноќ

Македонец го затвори белградскиот гигант БИП, 150 работници добија отказ преку ноќ_Работник
327views

Познатиот белградски гигант за производство на пиво (БИП), најверојатно, ќе биде затворен многу брзо, пишува Б92. Работниците во производството веќе добиле отказ, а што ќе биде со другите се уште е неизвесно.

“Тука e тотален хаос. Луѓето се отпуштени, не знаеме што ќе се случи со другите. Во тек се состаноците на кои ова прашање ќе се реши. Никој не знае што ќе биде “, изјавија работници од пиварницата за Б92. Тие наведоа дека оваа состојба трае две години.


Наместо да го исполни ветувањето и да ја обнови фабриката, тој одеднаш ја напушти фабриката.

Редакцијата на Б92, како што наведоа, се обиде да ја контактира администрацијата на БИП, но никој не дојде во канцеларијата на директорот.

Во февруари годинава беше објавено дека  комплексот на Белградската пиварска индустрија (БИП), кој се наоѓа веднаш до Мостарската јамка треба да биде иселен и на оваа локација, треба да започне изградбата на комерцијални содржини.

Државата го продаде БИП во 2007 година. Во тоа време, Акциониот фонд и Агенцијата за приватизација потпишаа договор за продажба на 51,9 проценти од акциите на БИП со прворангираниот понудувач – Конзорциумот “Алите” АБ од Литванија и “Обединетите нордиски пијалаци” АБ од Шведска за вкупно 26,5 милиони евра.