Економија

Македонија е одлична локација за германските инвеститори, вели Мартенс

Македонија - Работник
194views

Македонија е одлична локација за германските инвеститори што се покажа во изминатите 10 години. Германските компании кои работат во земјата се задоволни од условите, тие вработуваат повеќе од 20.000 лица, а веќе повеќето од нив официјално соопштија дека сакаат да ги големат своите инвестиции, како на пример ОДВ Електрик, Костал, Кеслер, порача Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија на тркалезна маса во Берлин каде учествуваше заедно со министерот за странски инвестиции, Бардул Даути.

На тркалезната маса присуствуваа и претставници од шест германски компании, од кои дел веќе инвестирале во земјава и сакаа да се информираат за понатамошните можности за инвестирање, а дел сакаа да се запознаат со можностите кои ги нуди Северна Македонија за новите инвеститори, пишува Локално.

Целосниот текст можете да го прочитате тука