Економија

Македонија е со најниска просечна плата во регионот од 413 евра…

Македонија е со најниска - Работник
222views

Највисоката просечна плата во регионот за мај оваа година е исплатена во Словенија и изнесува 1.113,88 евра, додека најниската во Македонија и изнесува 413,67 евра.

Просечната плата во Хрватска изнесува 886 евра, во Црна Гора за јуни била исплатена плата од 516 евра, Босна и Херцеговина има просечна плата од 472 евра, додека Србија 470 евра.

Властите во Македонија постојано потенцираат дека просечната плата во земјава бележи континуиран раст. Владата на СДСМ се стреми во нејзиниот мандат да достигне до зголемување на просечната плата од 500 евра, што засега делува недостижно, пишува Фокус.

Целосниот текст можете да го прочитате тука