Економија

Македонија е учесник на состанокот на министрите на Европската Унија и Западен Балкан

Македонија е учесник на состанокот на министрите - Работник
337views

Во Луксембург на 12 и 13 јуни, 2019 година се одржува првиот состанок на министрите од Европската Унија и Западен Балкан за вработување и социјална политика.

Во склоп на состанокот денеска се одржува Конференција на социјалните актери од Босна и Херцеговина, Албанија, Р. Македонија, Косово, Црна Гора и Србија, на која учествуваат претставниците на владите, синдикатите и здруженијата на работодавачите, како и невладините организации кои се бават со прашањата на социјалната политика.

Посебно внимание е дадено на прашањата за придонесите на социјалните партнери во зголемувањето на вработеноста и промоцијата на развивањето на вештините, инвестирањето во вработувањето и социјалниот сектор и развојот на социјалната политика на подрачјето на Западен Балкан.