ЕкономијаМакедонијаСиндикат

Македонија на дното на Европа според законски утврдената минимална плата

239views

КСС излезе со информации од Еуростат каде на сликовен приказ се претставени законски утврдените плати на државите на Европската Унија. Според Еуростат највисоката законски утврдена минимална плата е во Луксембург и изнесувa 2071 евро, додека во Македонија минималната плата изнесува 12 508 денари или 203 евра.

Од КСС потсетија дека Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара минималната плата да изнесува 16.000 денари, а смета дека треба со секое покачување на минималната плата да се усогласуваат и платите на сите вработени.