- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Македонија прогласена за најнесреќна земја на светот

1.96Kviews

Македонија е прогласена за најнесреќна земја на светот според истражувањето на јавното мислење што го направи агенцијата Галуп. Македонија се најде на врвот на листата со резултат од -3 поени.

Истражувањето е спроведено помеѓу 9 октомври и 2 ноември во 46 земји. Резултатите покажале дека 54% од луѓето на глобално ниво биле среќни, 14% биле незадоволни, а 31% имале измешани ставови. Дел од истражувањето ги објави водечкиот пакистански медиум на англиски јазик Thenews.com.pk.

„Според резултатите на Галуп, Киргистан се покажа како најсреќна земја со 85% задоволство кај граѓаните. Следни се Казахстан со 78%, Колумбија и Еквадор со 77%, Азербејџан 76% и Нигерија 70%. Кога станува збор за најнесреќните земји, на врвот на листата е Македонија“, стои во написот.