ЕкономијаМакедонија

Македонија 2025: Мерките да важат од март, потребни се и дополнителни

Македонија 2025 - Работник
125views

Организацијата Македонија 2025 ги поддржува првиот сет мерки на Владата за поддршка на економијата, но смета дека помошта не е доволна и дека треба да следат и други пакети мерки, кои, како што наведуваат оттаму, се во најава.

– Ја повикуваме Владата да реагира побрзо (со донесување нови мерки) и похрабро. Ова е вонредна состојба која бара вонредни мерки. Владата мора да покаже силно економско лидерство, а брзата реакција и поголема поддршка може да ја стави земјата на повисоко место на мапата на идните инвеститори и да ги пренасочи синџирите на набавка во корист на Македонија, наведуваат од организацијата.

Во коментарот на Македонија 2025 наведуваат дека по одредени првични проценки Владата во Македонија најавува дека ќе треба да потроши околу 100 милиони евра за да ја санира штетата настаната од вирусот. Тоа, како што појаснуваат, е околу 0,9 отсто од бруто домашниот производ (износ на БДП од 2019 г.) и е многу помал износ од средствата што ги вложуваат останатите земји од Европа за полесно да ја пребродат оваа криза, пишува Канал 5.

Целосниот текст прочитајте го тука