ЕкономијаМакедонија

Македонската економија се надева на дуалното образование

Македонската економија - Работник
116views

Се повеќе компании сакаат да станат дел од програмата Дуално образование, но како да се мотивираат и учениците? Првичните ефекти се позитивни, но за целосен успех потребни се многу напори и промена на менталитетот…, пишува Дојче Веле.

Една година по стартот Дуалниот систем на образование ги дава првите ефекти. Расте бројот на компании кои што сакаат да бидат дел од системот, налик на германскиот, но се очекува да расте и бројот на ученици кои што сакаат да бидат дел од овој проект. Првата генерација која стартуваше во две општини веќе ја заврши првата учебна година. Искуствата, засега се позитивни:

„Првите класови почнаа во септември 2018 година и тие треба да завршат во 2022 така што првите резултати може да ги имаме најрано тогаш. Но она што е важно, е што засега стартот е одличен. Ако првата учебна година, дуалниот систем беше воведен во две паралелки во Охрид и Кавадарци, во новата учебна година воведуваме седум паралелки и во општините Велес и Прилеп. Веќе потпишавме и договори со неколку странски компании кои стануваат дел од процесот“, објаснува за Дојче веле Дејан Чуповски од Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Адаптација на германскиот систем

Принципот на Дуално образование се воведува во македонскиот систем со германска поддршка, а има за крајна цел да обезбеди квалификувани кадри уште во текот на образовниот процес. Програмата започна уште во април 2017 година и идејата е да се имплементираат системските елементи од германскиот модел на дуално образование.

Целосниот текст можете да го прочитате тука