ЕкономијаМакедонија

Македонската компанија СН Финансии ги избра најдобрите топ 3 вработени

Македонската компанија - Работник
154views
Најголемата инвестиција на една компанија се вработените“, токму ова е мотото на македонската компанија СН Финансии со седиште во Битола. Компанијата на свечен настан ги прогласи топ трите вработени за 2019 година од различни сектори и им додели статуетки.
„За прв пат организираме ваков тип на настан, кој со задоволство можам да кажам дека е изненадување за сите вработени се со цел да ги издвоиме најдобрите и најиновативните. На настанот прогласивме личност на годината за продажба а тоа е Елена Јовановиќ, потоа за најкреативна личност, Радојка Димитријеска и Петар Чороловски беше избран за личност на годината во бекофис. Ова е само мал поттик за тоа како треба компаниите да се грижат за своите вработени. Ние, во СН Финансии и понатаму ќе работиме на развој на своите вработени и уверуваме дека овој настан во иднина ќе биде традиција за нас“, потенцира Никола Јошевски, извршен директор на СН Финансии.

СН Финансии е финансиско друштво и е првата Финтек компанија во Битола и воопшто во Македонија, основана во 2016 година со домашен капитал која е главно фокусиран на одобрување и исплата на кредити, но исто така работи и со издавање гаранции и факторинг.

Нивниот проактивен пристап кон клиентите, квалитетот на услугата и брзината на одобрување и исплата несомнено се клучни фактори кои влијаат на клиентите да се одлучат за нив.