ЕкономијаМакедонијаПравда

Македонска берза и Централниот депозитар за хартии од вредност донираа 1.000.000 денари за Министерството за здравство

Македонска берза - Работник
103views

Македонска берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје донесоа одлука  за донација на наменската сметка на Министерството за здравство на Република Македонија.

Во вкупен износ од 1.000.000 денари за соочување со настанатите состојби поврзани со вирусит Ковид-19.

– Со оглед на тоа што актуелната борба за надминување на оваа криза подразбира колективна солидарност и одговорност, на овој начин двете институции, како општествено одговорни компании, даваат поддршка на македонските здравствени институции на коишто паѓа главниот товар во справувањето со кризата, соопштуваат од Македонска берза.

Извор: Канал 5