ЕкономијаМакедонија

Македонските компании трагаат по работници

Македонските компании трагаат по работници - Работник
156views

Недостигот на работна сила е проблем со кој се соочуваат сите компании во земјата, а главниот предизвик за македонската, но и за економиите од регионот, во иднина ќе биде наоѓање на начини за задржување на работниците.

Проблемот е повеќеслоен, велат соговорниците на Дојче Веле. Главните столбови на проблемот почиваат на демографската неповолност, неатрактивноста на стручното образование и иселувањето на граѓаните, пред сè на младите, работоспособни кадри.

Повеќедецениската традиција на компанијата, стабилноста на работното место, можноста за напредување веќе не се атрактивни за младите. Поголем дел од нив попрво би работеле иста или потешка физичка работа во странство отколку дома. Има и такви кои си ја пробале среќата надвор од Северна Македонија, но повторно се вратиле и побарале од своите стари газди да бидат вратени на работа. Флексибилни сме, велат претставниците на компаниите, за добрите работници вратите се секогаш отворени. За жал, не сме доволно економски моќни за да им ги обезбедиме условите што ги бараат, но истовремено не можеме ниту да ги држиме со сила, признаваат тие, пишува Дојче Веле.

Целосниот текст прочитајте го тука