- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Македонските работници во Австрија ќе може да се вратат на работа

327views

Македонските сезонски работници ќе можат да одат на работа во Австрија, но за да го избегнат карантинот ќе мора да приложат потврда  дека се негативни на корона, вели австрискиот амбасадор во земјава.

Амбасадорот вели дека нивните граници и во март биле отворени за итни случаи на болни од карцином кои од Македонија заминале во Австрија на лекување. За разлика од Австрија многу земји на ЕУ, иако признаваат дека имаат недостиг од  работна сила се уште не ги отвараат границите дури ни за работниците кои се граѓани на  ЕУ. Франција пред неколку дена врати две големи групи бугарски сезонци и покрај препорака на ЕК за слободно движење на работниците внатре во Унијата. Во меѓувреме се отвора можноста и за билатерални догвори меѓу земјите за отварање на меѓусебниот сообраќај, а во регионот веќе се врши координација меѓу министрите за здравство.

Advertisement

Австрија денска преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ даде донација за Македонија  како поддршка во справување со здравствената криза.

Извор: Сител

Advertisement
Advertisement