МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Македонското Здружение за Заштита при работа учествува на состанок за подобрување на комуникацијата и видливоста на ЕУ проектите

Македонското Здружение за Заштита при работа - Работник
338views

Претставниците на Македонското Здружение за Заштита при Работа – МЗЗПР како носители на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – ЕuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK”, кој се имплементира во соработка со Сојузот на Синдикати Македонија – ССМ и Организацијата на Работодавачи на Македонија, учествуваат на состанок за подобрување на комуникацијата и видливоста на ЕУ проектите, во организација на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Состанокот е продолжение на трите имплементирани тренинзи на истата тема. Активностите во организација на Делегацијата на ЕУ се наменети за претставници на организациите кои се носители на проекти во рамките на грантовата шема “IPA II SCF 2016-2017”.

Извор: Фејсбук страна на МЗЗПР