- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Македонското земјоделство соочено со многу предизвици

Македонското земјоделство - Работник
494views

Ограничени инвестиции во земјоделска инфраструктура, прекумерна расцепканост на земјоделското земјиште и мала површина на земјоделските стопанства, напуштање на селата, отежнат пристап до пазарите, недостаток на можности за диверзификација на приходите и на соодветни советодавни услуги, ограничени капацитети за одржливи земјоделски практики, деградација на земјиштето, ранливост на климатски промени и неефикасното управување со шумските ресурси, се клучните предизвици со кои се соочува македонскиот агро-сектор, смета заменик-регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија говори, Набил Ганџи.

Ганџи е одговорен за развојот и имплементацијата на Програмата на ФАО во земјава, а минатата недела првпат престојуваше во официјална посета. Се сретна со вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и со ресорниот министер Трајан Димковски. Најави дека приоритетните области на тековната програма на ФАО за периодот 2018-2020 година вклучуваат поддршка за зголемена конкурентност на земјоделскиот сектор, подобрување на животот во руралните заедници преку одржлив рурален развој и одржливо управување со природните ресурси во услови на климатски промени.

Advertisement

Наредните 18 месеци ФАО ќе ги поддржи и напорите на Северна Македонија за финализирање на развојот на Националната работна програма за Зелениот климатски фонд со конкретни национални проекти од јавниот и приватниот сектор, за адаптација кон и ублажување на климатските промени во земјоделството, шумарството, водните ресурси, енергетиката, транспортот, отпадот, биодиверзитетот, здравството и културното наследство. Ќе и помогне и за спроведување на Агендата 2030 за одржлив развој, пишува Лидер.

Целосниот текст прочитајте го тука

Advertisement
Advertisement

Advertisement