Податоците што ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2019 година граѓаните најмногу трошеле пари за храна и безалкохолни пијалоци (43.1%), како и за комуналии (10.8%). Не заостануваат ниту трошоците за отплата на кредити и инвестирањето во недвижности (8.0%).

Advertisement

Околу шест проценти од вкупната потрошувачка отпаѓаат на трошоците за превоз, пет проценти се трошат на облека и обувки, четири ипол проценти за купување мебел и одржување на покуќнината и четири проценти за одење по ресторани и хотели. Најмалку пари граѓаните трошат за образование и културни активности.

Минатата година во споредба со 2014 година зголемено е и купувањето на автомобили, мобилни телефони и клима уреди, а намален интерес за купување има за хај-фај музички системи и ЦД носачи на звук.

Advertisement
Advertisement

Зголемен индексот на трошоците на живот во 2019 година

Статистиката покажува зголемени трошоци на живот во 2019 година во споредба со 2018 година. Според податоците објавени во публикацијата, индексот на трошоците на живот лани бил зголемен за 0,8 проценти.

Зголемени трошоци се забележани кај алкохолните пијалоци, тутунот, храната и безалкохолните пијалоци, а намалување кај трошоците за облека и обувки, превоз и домување.

Во текот на изминатите 10 години, најголем скок на трошоците на живот е забележан во 2011 година.

Извор: Лидер