
Францускиот Претседател ги повикал синдикатите во секторот транспорт да го прекинат штрајкот во периодот на божиќните празници за да не дојде до пречки во функционирањето на сообраќајот.
„Штрајкот е оправдан и заштитен со Устав, но мислам дека има моменти во животот на земјата кога е добро да се прекине поради почит кон семејствата и семејниот живот“, рекол Емануел Макрон на конференција во текот на посетата на Брегот на Слоновата Коска.
Тој рекол дека паузата во штрајкот не би значела дека синдикатите се откажуваат од своите барања, туку со тоа би покажале „чувство“ за одговорност и почит кон граѓаните на Франција“ кои понекогаш се далеку и кои сакаат да бидат со своите семејства во текот на празниците, пренесува Ројтерс.
И покрај повикувањата на некои од синдикатите да се прекине штрајкот за време на Божиќ, неколку организации на железенчки работници најавиле дека ќе продолжат со штрајковите кои траат веќе две недели.