Макрон го одложил претставувањето на пензиските реформи

Францускиот претседател Емануел Макрон рекол дека неговата влада го одложува претставувањето на пензиските реформи кое било предвидено за оваа недела до јануари. Владата води разговори со синдикатите за планираната реформа со која Макрон сака да ја зголеми минималната возраст за излегување во пензија во Франција, но противењето за нејзиното спроведување останува силно во екот на растечката инфлација.

„Неколку политички партии избираа ново водство во измнатите неколку денови и ги променија своите лидери (…). Се чинеше соодветно да се одложи објвата за неколку дена или недели. И наместо тоа да го направиме на 15 декември, ќе го направиме 10 јануари“, рекол Макрон, а пренесоа медиумите.

Француските републиканци, клучен партенер на планот на Макрон со оглед на тоа дека му недостига апсолутно мнозинство во парламентот за усвојување на законите, во недела за свој нов лидер го одбрале Ерик Циотј, непоколеблив конзервативец кој се залага за закон и ред.

Макрон рекол дека овој потег ќе им овозможи на сите вклучени страни „уште неколку недели“ за расправа за „клучните елементи“ на реформата.

Реформата на скапиот и комплициран пензискиот систем во Франција било клучно изборно ветување на Макрон кога за првпат дошол на власт во 2017 година. Но неговите први предлози ги разбеснале синдикатите и предизвикале големи протести и штраклови во транспортот неспоредно пред избивањето на пандемијата со Ковид -19.

Причекал со таа иницијатива по што наредил затворање на Франција на почетокот од 2020 година, но по реизборот оваа година рекол дека сака да донесе нов, помалку амбициозен Закон за реформите пред Божиќ.

Извор: Index.hr

Фото: EPA