Занимливости

Малата Ешлин по втор пат го освојува Килиманџаро

Малата Ешлин по втор пат го освојува Килиманџаро-работник
49views

Подвигот на малата, но силна Ешлин Мендрик, ги воодушеви искусните планинари.

Девојчето одбило каква било помош за време на искачувањето на надморска височина од 5.895 метри.

Ешлин уживаше во искачувањето толку многу што две недели подоцна таа се искачи на врвот на Танзанија на поинаков начин.

Таа се надева дека ќе го освои и Монт Еверест еден ден.

Ешлин е од Западен Сасекс и беше придружена во експедицијата од страна на нејзината мајка Викторија и нејзиниот 11-годишен брат Никола.

Ешлин најпрво го освои врвот на 29 септември, а истото го повтори на 13 октомври.

Првото искачување траеше шест дена, а второто пет.