ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Малопродажниот гигант ги отпуштил роботите

Малопродажниот гигант - Работник
94views

Во поголемиот дел од индустриите роботите пополека им ги преземаат работите на луѓето. 

Бројни анализи и предвидувања велат дека поради роботизацијата, автоматизацијата и вештачката интелегенција, во текот на следните години, десетици милиони луѓе ширум светот ќе останат без работа, пишува зимо.дневник.хр. 

Во поголемиот дел на случаите роботите се покажале поефикасни во однос на луѓето, па компаниите често немаат избор освен да се прилагодат на пазарот и да се насочат кон финансиски поефикасната роботизација во однос на човечкиот труд кој носи поголеми трошоци. 

Понекогаш само се експериментира со вештачката интелегенција и роботите, а тие експерименти немаат секогаш најуспешен исход, за што пример е камерата која снимала фудбалски натпревар, а со која управувала вештачка интелегенција. 

Во ера на роботизација и губење на работни места, ретко ќе наидеме на ситуација во која компаниите се одлучуваат за обратната тактика и роботите ги заменат со луѓе. 

Но, тоа неодамна го направил американскиот малопродажен гигант Волмарт кој соработувал со роботската компанија Боса нова роботикс. 

Нивните роботи ги скенирале полиците, го следеле инвертарот и бројот на производи на полиците во околу 500 продавници, но според американските медиуми, Волмарт неодамна го прекинал договорот за соработка и користење на роботите. 

Значи, роботите добиле отказ, а од Волмарт заклучиле дека моментално поедноставно и поисплатливо им е нивната работа да ја работат луѓе. 

Според Тек кранч, една од причините за тој потег е што луѓето, покрај следењето на состојбата со инвертарот, веднаш можат да ги спакуваат производите од полиците за нарачките преку интернет. Но, од Волмарт биле загрижени и околу реакциите на купувачите бидејќи не сите гледале благонаклонето кон роботите кои кружеле по продавниците.