ЕкономијаМакедонија

МАПАС и пензиските друштва им помогаат на пензионерите во набавка на намирници

МАПАС и пензиските друштва - Работник
36views

МАПАС и пензиските друштва преку акцијата „Помогни на пензионер денес затоа што тебе утре ќе ти треба помош“ им помагаат на пензионерите во набавка на намирници

Доколку сте пензионер или познавате пензионер кому му треба помош во обезбедување на секојдневните намирници, секој работен ден, од 09:00 до 17ч, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 11 800.

Обезбедувањето на намирниците за пријавените пензионери во рамките на акцијата се одвива секој четврток, до 15ти декември, во општините во Скопје. Услугата е бесплатна и при доставата треба да се покријат само трошоците за набавените продукти.