ЕкономијаСветСветот на работникот

Маркет во Хрватска трета година по ред им ги зголемува платите на вработените

Маркет во Хрватска - Работник
188views

Трговскиот ланец Лидл во Хрватска од 1 март 2020 година на работниците во 101 продавница на Лидл ширум Хрватска ќе им ги зголеми платите за 8 проценти, а на крајот на годината ќе им исплати плус една плата.

Лидл во соопштението порачува дека уште од почетокот на работењето во Хрватска континуирано ги зголемува платите на своите вработени, како и дека во последните три години работниците добивале поголеми плати.

Последното зголемување на платите било пред неполна една година, во март 2019 годна, кога на работниците во продавниците и магацините платите им биле зголемени за 10 до 12 проценти.

Според ланецот на маркети, платите на вработените во Лидл се над просекот во малопродажната и прехнрабрена индустрија во Хрватска.