Маск го купил Твитер и веднаш ги отпуштил директорите

Илон Маск го затворил договорот за преземање на Твитер за 44 милијарди долари, рекол за CNN извор упатен во ситуацијата. Најбогатиот човек на светот на тој начин дошол на чело на една од највлијателните социјалните мрежи во светот, пренесува Index.hr.

Неговиот прв чекор бил отпуштање на менаџментот на социјалната мрежа. Маск го сменил извршниот директор Параг Агравал, главниот финансиски директор Нед Сегал и главниот директор за правни прашања и политики Вијај Гаде, наведува американската телевизиска мрежа.

Медиумите наведуваат дека Агравал и Сегал биле присутни во седиштето на Твитер во Сан Франциско кога бил склучен договорот, по што биле „испратени“ од зградата. Маск досегашниот менаџмент го обвинил дека ги довел во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажните профили на мрежата, како и дека не му дале јасни аргументи за тоа како да се остварат големите амбиции кои ги има со влијанието на социјалната мрежа.

Маск и на Твитер потврдил дека преземањето е завршено. „Птицата е ослободена“, напишал тој.

 

Маск рекол дека сака да ги порази „спам ботовите“ на Твитер, да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината ќе им се презентира на корисниците и ќе спречи платформата да стане комора за омраза и поделби.

Сака Твитер да биде „најпочитуваната платформа за огласување“

Маск претходно денес рекол дека сака Твитер да стане „најпочитувана платформа за огласување“, порачувајќи дека преку таа аквизиција сака да му „помогне на човештвото“.

Маск, коосновачот на Твитер Џек Дорси и другите инвеститори неодамна сугерирале дека сакаат да ја оддалечат социјалната мрежа од реклами и приходите да ги стекнуваат преку претплати и други средства. Самиот Маск во една прилика напишал дека „мрази огласување“. Поради ова тврдење, загриженоста кај огласувачите е на алармантно ниво.

 

„Постојат многу верзии зошто го купив Твитер и што мислам за огласувањето. Поголемиот дел се погрешни“ – напишал Маск на социјалната мрежа. „Во основа, Твитер сака да биде најпочитуваната платформа за огласување на светот која го зајакнува вашиот бренд и им носи раст на компаниите“. Повеќе од 90 % од приходите на Твитер во вториот квартал од оваа година дошле од огласување.

Сака да му помогне на човештвото

Покрај службената аквизиција на Твитер, Маск соопштил дека сака да ја преземе оваа платформа за да му „помогне на човештвото“.

„За иднината на цивилизацијата важно е да се има заеднички дигитален центар на кој ќе се споделуваат мислења на здрав начин, без насилство“, рекол мултимилијардерот, потенцирајќи дека социјалните медиуми имаат моќ да „генерираат дополнителна омраза и поделба на општествата“ во екстремното ехо на комората.

Во тоа соопштение, насловено „драги огласувачи на Твитер“, Маск рекол дека на таа мрежа „очигледно“ не може се да се пишува „без последици“, но дека сака платформата да биде „гостопримлива за сите“.

Маск, кој се прогласил за „апсолутистит на слободниот говор“, во мај рекол дека би му ја укинал забраната за пристап до Твитер на поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој бил отстранет од мрежата во јануари минатата година поради страв од поттикнување на насилство откако неговите поборници упаднале во вашингтонски Капитол.

Твитер сѐ уште го нема потврдено договорот вреден 44 милијарди долари.

Foto: EPA