Маск проговори откако сподели илјадници откази: Немав избор

Илон Маск изјави дека нема друг избор освен да отпушти околу 3.700 вработени на Твитер ширум светот, наведувајќи дека причината е дневната загуба на компанијата од 4 милиони долари.

Милијардерот го прекина молкот за отпуштањата со објави на Твитер.

„Што се однесува до намалувањето на работната сила на Твитер, за жал, нема избор кога компанијата губи повеќе од 4 милиони долари дневно. Сите што беа отпуштени добија три месеци отпремнина, што е за 50 отсто повеќе од законската обврска. “; напиша Маск.

Да потсетиме, во петокот илјадници вработени добија отпуштања, за што првпат беа информирани по електронска пошта во четвртокот, а беа отпуштени и сите вработени во етичкиот тим.

Маск веќе направи неколку промени во компанијата, почнувајќи со отпуштање на тројца клучни директори, вклучувајќи го и извршниот директор Параг Агравал.