ЗанимливостиСветот на работникот

Маск собира важен тим, образованието не е важно

Маск собира важен тим - Работник
125views

Доколку не сте студирале, нема врска. И понатаму може да работите за Тесла, една од најнапредните компании на светот и тоа на еден од најважните проекти – развивање на автономни автомобили.

Ова го објавил основачот на компанијата Илон Маск овој викенд на својот Твитер профил. Маск моментално собира тим кој ќе се бави со развивање на вештачка интелегенција.

„Придружете и се на Тесла“, тимот за вештачка интелегенција мене директно ми поднесува извештаи и контактираме речиси секој ден директно, по пат на емаил или пораки“, напишал Маск.

Формалното образование не е задолжено за работење во Тесла.

„Докторатот дефинитивно не е услов. Не ми е грижа ни дали сте завршиле средно училиште“, напишал Маск.

Наместо формално образование, потребно е „длабоко разбирање“ на вештачката интелегенција, а сите кандидати мораат да поминат тест со кодирање.

На Тесла тимот за вештачката интелегенција и е важен поради развојот на системи на автономни автомобили, односно оние без возачи.

Маск и претходно го изразувал своето мислење за тоа дека формалното образование не е важно.