- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Маск споделил „оглас за работа“: Се бараат 10,000 луѓе, а диплома не е потребна

Маск - Работник
395views

Илон Маск споделил на својот Твитер профил „оглас за работа“.

Имено, сопственикот на Тесла го споделил твитот од профилот „Tesla Owners Austin“ со објаснување дека за гига фабриката во Тексас потребни се дури 10,000 работници, а навел и посебни погодности кои ги чекаат вработените. 

„Пет минути до аеродром, 15 минути до центарот на градот, токму на реката Колорадо“, напишал Маск. 

Во оргиналниот твит на компанијата се наведува дека факултетската диплома не е услов за вработување, иако Тесла има соработка со бројни универзитети, туку дека луѓето можат да дојдат „директно од средно училиште“.