ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Масовен протест на просветните работници во Хрватска

Масовен протест - Работник
91views

После повеќе од еден месец штрајк во храватските училишита, синдикатите кои се во штрајк организирале масовен протест во центарот на Загреб. Од протестот било порачано дека не се откажуваат од своите барања. Разговорите со Владата се продолжуваат.

Речиси 40,000 просветни работници, според проценката на медиумите, се собрале на загрепскиот плоштад бана Јелчиќ, му порачале на Премиерот Андреј Пленковиќ дека тој е крив за протестот и дека не се откажуваат од борбата за своето достоинство.

„Вие, Премиере не донесовте овде. За одложувањето на наставата веќе два месеци, Вие сте одговорен“, порачал Претседателот на Независниот синдикат на вработените во средните училишта на Хрватска, Бранимир Михалинец.

„Им благодарам на родителите кои го поддржуваат штрајкот, им благодарам на социјалните мрежи и и благодарам на јавноста која ја препозна вистината“, порачала Претседателката на синдикатот на хрватските учители, Сања Шпрем. „Овој штрајк е резултат на долгогодишно незадоволство од материјалниот и социјалниот статус и условите за работа, неуважувањето и потценувањето на нашата професија“.

Разговорите помеѓу Владата и синдикатите во штрајк продолжуваат, а Премиерот Пленковиќ е уверен во нивниот успех.