ЕкономијаМакедонија

Масовно се вработува пред избори во јавната администрација, Манчевски вели дека не биле наменски пред избори

Масовно се вработува пред избори - Работник
167views

Владата призна дека масовно вработува пред избори. Вработувања имало и ќе има – потврди министерот за администрација Дамјан Манчевски. Сепак, според него, сите огласи за ангажирање кадар немале никаква врска со предвремените парламентарни избори и биле во согласност со годишните програми на институциите. Огласи за вработувања ќе имало и да не биле закажани избори – уверува Манчевски.

– Вработувањата ќе продолжат и во иднина и ова се случуваше и кога немаше најавено избори, на крајот на секоја година има раскинување на сите договори на определено време, бидејќи тие се планирани со буџетот за таа година, но оти за следната година доколку институциите имаат потреба, ќе бидат распишани нови огласи за вработување на определено време – рече Манчевски, објави Алфа.

Целосната објава погледнете ја тука