- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Мајкрософт и работниците немаат ист став за работата од далечина – Кој е во право?

Мајкрософт и работниците - Работник
797views

Технолошкиот гигант Мајкрософт е на ставот дека работата од дома ја намалува продуктивноста и според една негова неодамна објавена студија – ваквиот вид на работа не ги чини луѓето подобри работници. 

„Работата од дома, доведува до послаба комуникација и соработка помеѓу тимовите, што би можело да влијае на продуктивноста и иновациите“, велат од компанијата. 

Инаку, работата од далечина толку се одомаќила откако започнала пандемијата, што со сигурност ќе потрае уште некое време. На многума работници таа идеја им се допаѓа, но на шефовите, не баш. 

Студијата на Мајкрософот е објавена во списанието „Nature Human Behaviour“, а во неа учествувале 61,000 вработени. Податоците покажале дека соработката помеѓу вработените станала постатична, како и дека луѓето се повеќе изолирани. 

Помалку комуницирале со колегите вон свои организациски едници, а паднал и уделот на синхроната комуникација во вистинско време, како стостаноци и повици. За потсетување, и од Ејпл исто така порачуваат дека работата од далечина нема смисла на долги стази. 

Мајкрософт соопштува дека „времето за соработка кои вработените го поминувале со другите групи, опаднало за околу 25 % во однос на нивото пред пандемијата“. Понатаму се наведува дека ефектите кои ги откриле имаат потенцијал да влијаат на способноста на работниците и собираат и споделуваат нови информации меѓу групите. 

Паралелно со тоа, дошло до зголемување на асинхроната комуникација, вклучувајќи ги мејловите, СМС пораките, календарите и инстант пораките. Синхроната комуникација која опфаќа телефонски и видео повици и состаноци во живо, драстично опаднала. 

Откако започнала светската ковид криза, бројот на работници кои работат од далечина само се зголемува. Студијата покажала дека се зголемил и просечниот број на работни часови на вработените, на неделен план. Поточно, и претходно беше истакнато дека работникот во просек на компанијата и „подарува“ дури 9 часа неделно. 

Наспроти ова истражување на Мајкрософт, вработените во одвоена студија рекле дека нивното чувство за вклученост и поддршка од страна на менаџерите е секогаш висок и дека не се чувствуваат помалку продукивно од претходно. 

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Freepik