Мајкрософт планира да отпушти околу илјада работници

Мајкрософт планира да отпушти околу илјада работници поради послаб раст на приходите од лиценците за оперативниот систем Windows, објави американскиот портал за вести „Axios“, повикувајќи се на неименуван извор.

Отпуштањата ќе бидат распоредени на повеќе нивоа на компанијата, во различни тимови и делови од светот, дознава „Axios“.

Изворот го цитираше портпаролот на Мајкрософт кој рече:

„Како и сите други компании, ние редовно ги анализираме деловните приоритети и соодветно правиме структурни прилагодувања. Во наредната година, ќе продолжиме да инвестираме во нашиот бизнис и да вработуваме во клучни области за раст“.

Компанијата неодамна отпушти нешто помалку од еден процент од своите вработени, по редовните „структурни прилагодувања“ на почетокот на фискалната година.

И многу други технолошки компании, вклучително Мета платформи, Твитер и Снеп, веќе отпуштија некои работници или ги замрзнаа вработувањата во услови на забавување на глобалниот економски раст поради зголемените каматни стапки, инфлацијата и енергетската криза во Европа, пренесува „Ројтерс“.