МакедонијаПравдаСиндикат

Медиумските здруженија бараат итно деблокирање на медиумските реформи

Медиумските здруженија бараат - Работник
170views

Здружението на новинарите на Македонија, Советот за етика во медиумите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Македонскиот институт за медиуми се сериозно загрижени поради целосниот застој на постапката за избор на членови на Советот на медиумскиот регулатор и Програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија.

Тие ги повикаа претседателот и членовите на Комисијата за избори и именување при Собранието да го отпочнат процесот за избор на членови на овие тела. Секое попречување или одолговлекување на процесот сериозно ќе влијае врз спроведувањето на процесот на медиумски реформи во државата, се вели во нивното заедничко писмо, објави ТВ21.

Целосниот текст можете да го прочитате тука