ЕкономијаСветСветот на работникот

„Мекларен“ ќе отпушти 1,200 работници поради пандемијата на коронавирусот

Мекларен - Работник
87views

Британскиот произведувач на автомобили и екипата на Формула 1 Мекларен планира да намали повеќе од четвртина од работната сила поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Компанијата вработува околу 4,000 луѓе, а ќе отпушти 1,200 работници, меѓу кои и 70 вработени од екипата на Ф1.

Од Мекларен групата порачале дека „сериозно се погодени од кризата“ и дека компанијата напорно работела за да ги намали трошоците и да избегне отпуштања.

„Но, сега немаме друг избор, мораме да ја намалиме нашата работна сила“, рекол извршниот директор Пол Волш за Би – Би – Си.

Во екипата на Формула 1 работат околу 800 луѓе, а се очекува дека од нив 70 ќе бидат отпуштени. Мекларен минатата сезона завршил на четврто место, што е најдобар резултат од 2012 година.