СветСиндикат

Мексико ги затвори бензинските што одбиле да ja служат полицијата поради закани од картел

50views

Моќен мексикански криминален синдикат изврши притисок врз бензинските пумпи да не им точат гориво на полицијата и на воените возила, а мексиканските властите реагираа затворајќи ги пумпите поради дискриминација, пренесува РТ.

Националната агенција за заштита на потрошувачите „Профеко“ во вторникот затвори девет бензински пумпи во Нуево Ларедо, во близина на границата со САД поради дискриминација откако одбиле да ги услужуваат армијата и сојузната полиција. Уште три станици требало да бидат затворени, но тие веќе биле затворени кога пристигнале агентите.

Вработените на бензинските пумпи почнале да одбиваат да им точат гориво на полициски и воени возила откако наводно добиле смртни закани од моќниот Североисточен картел. Еден вработен на бензинска пумпа им објаснил на полицајците дека добил „наредби од горе“ да не ја служат полицијата. Друг рекол дека вооружени лица му се заканиле дека ќе го убијат ако им точи гориво на полицајците.

Мексико во последниве години бележи скок во насилниот криминал поврзан со бандите. Минатата година извршени се над 33.500 убиства, што е најголем број откако се бележи статистиката од крајот на 90-тите години. Само од јануари до март годинава беа убиени речиси 8.500 луѓе.

Извор: 24 инфо