ЕкономијаМакедонија

Меморандум за соработка без никакво ограничување

Меморандум за соработка без никакво ограничување - Работник
438views

Претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески и претседателот на Одборот на директори на “Македонија 2025“ Вера Ставров, потпишаа Меморандум за соработка со цел зацврстување на деловната комункација помеѓу македонската бизнис заедница и македонската бизнис дијаспора.

Целта е со заеднички активности на Комората и организацијата „Македонија 2025“, домашните компании да може да остваруваат подобри перформанси, што во крајна линија ќе придонесе за забрзување на растот на македонската економија и развој на македонското општество.

Меморандумот предвидува повеќе форми на соработка, во насока на

• Размена на информации и активности за олеснување на бизнис соработката помеѓу членки на Комората и странски компании, вклучително и чекори за зголемени извозно-увозни активности;
• Организација на трибини, презентации, семинари, обуки, конференции кои се од взаемен интерес а таргетираат различни целни групи;
• Трансфер на знаење преку различни форми на едукација;
• Организирање и спроведување на заеднички истражувачки проекти и взаемна размена на информации за резултатите од истражувањето;

По потпишувањето на Меморандумот, претседателот Азески истакна дека официјализирањето на соработката со “Македонија 2025“ го затвора кругот на бизнис институции на локално, регионално и меѓународно ниво кои се подршка на компаниите и ги ставаат на располагање, ресурсите, искуствата и знаењето во подигање на конкуретноста и иновативноста на домашните стопански субјекти, и им ја отвора по смело вратат на странските пазари.

Стопанството во една држава може да оставарува подобри резултати само ако економијата гради мостови и форсира бизнис активности, вели претседателот Азески. Потврда за тоа е работата на фирмите во рамки на Здруженијата, Асоцијацииите, Советот на странски инвеститори во рамки на Стопанската комора на Македонија. Членка сме на Асоцијацијата на Балкански Комори, на EUROCHAMBER, активно сме вклучени во Коморскиот инвестициски форум во рамки на Западен Балкан а сега се воспоставува и официјална соработка со “Македонија 2025“. Во таа насока претседателот Азески особено го потенцираше значењето на КИФ во рамки на регионот.

Бизнис-асоцијациите, како што е Стопанската комора на Македонија, остава неограничен простор за анимирање на сите можни пунктови што можат да креираат дополнителна вредност за своите членки. Еден таков пункт е македонската бизнис дијаспора. Врвот на оваа дијаспора е претставен преку организацијата „Македонија 2025“ која е предводена од бизнисмени со македонско потекло кои имаат најголемо влијание во глобалниот бизнис свет.

Извор: Стопанска Комора